Зошто би бил заинтересиран за Тech4Muni?

Има неколку одлични работи поврзани со овој настан:

  • Придружете ѝ се на пазарната револуција која што вреди 400 милијарди американски долари – дознајте ги вистинските предизвици на градовите и креирајте решенија! 
  • Откријте ја индустријата на Smart City на која што ѝ се потребни ВАШИТЕ решенија! 
  • Повеќе од 40 000 долари за финансирање на победничките решенија кои што ќе бидат имплементирани и тестирани во општините.   
  • Можност да создадете решение кое што ќе биде релевантно за многу градови на локално и регионално ниво, а можеби дури и на глобално ниво! 
  • Придружете се на заедница која што ги придвижува и поттикнува работите – Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) ќе сподели со Вас нови можности и знаење.  
  • Предизвикајте сè себеси и помогнете ѝ на Вашата земја да се развива! 
  • Ние го олеснуваме процесот со општините и се обидуваме да го поедноставиме колку што е можно повеќе. Значи нема да сте сами на овој пазар со висок потенцијал, но воедно и тежок пазар.
  • Вие можете да добиете мал грант – без никакви обврски од Ваша страна! 
  • Старт-ап компаниите имаат шанса да ги презентираат нивните решенија на завршен настан на Tech4Muni (истиот ден) – во присуство на министерства, општини и гости од индустријата. 
  • Дури и ако на крајот не добиете можност за пилот проект со релевантните општини, Вие ќе добиете одлична промоција, можност да се сретнете со други потенцијални клиенти и да го потврдите потенцијалот на Вашето решение во GovTech вертикални технологии (технологии за јавниот сектор).
  • Станува збор за неколку часа со чинителите од општините и владата – одлична можност за создавање нови познанства.
Како ќе функционира Тech4Muni?

Нашиот настан не е само хакатон. Тој е фокусиран настан за да Ви го обезбеди Вашиот следен клиент:  

ЧЕКОР 1: Пријавете се за да учествувате во иновацискиот спринт.

ЧЕКОР 2: Откако ќе бидете избрани да учествувате, известете нè со кои експерти би сакале да зборувате. Ние ќе дадеме сè од себе да Ви го обезбедиме потребното менторство. Исто така Вие ќе имате можност да зборувате и со одговорните лица во општините за подобро да ги разберете предизвиците.  

ЧЕКОР 3: Започнете со решавање на предизвиот и подгответе се за иновацискиот спринт.

ЧЕКОР 4: Учествувајте во спринтот на Tech4Muni MK и покажете ни го Вашето решение! 

ЧЕКОР 5: Победете и имплементирајте го Вашето решение во градовите – добијте средства и идни клиенти!

Кој може да учествува во Тech4Muni?

Tech4Muni е отворен за сите компании кои што се заинтересирани за оваа дејност и кои што имаат решенија кои што се релевантни за предизвиците. Можете да се регистрирате ОВДЕ. Откако ќе се регистрирате ние ќе Ве исконтактираме за да го завршиме процесот на селекција.

Кои се критериумите за избор на учесниците на Тech4Muni?
  1. Потребно е да сте регистрирана компанија (од која била големина) со прототип или работен производ. 
  2. Ова решение треба да биде (потенцијално) релевантно за решавање на предизвиците.
  3. Се очекува да бидете присутни во текот на целиот настан на 11ти и 12ти септември 2019. 
Дали се плаќа надоместок за учество?

Не. Учеството е бесплатно! Покрај тоа ние им обезбедуваме на учесниците освежувачки пијалоци и ручек во текот на целиот настан.

Што ако сакам да се приклучам на некој тим?

Ова не е класичен хакатон. Оваа можност е достапна за сите компании кои што потенцијално имаат релевантни решенија кои што можат да се тестираат во живо! 

Ние сме старт-ап компанија и предизвикот што го решаваме не е на листата со предизвици. Дали можеме да аплицираме/бидеме одбрани?

Ние ги повикуваме сите старт-ап компании да аплицираат. Ние ќе дадеме сè од себе да ги прифатиме сите интересни решенија за да Ви овозможиме пристап до потенцијални клиенти – општините.

Какви ќе бидат предизвиците?

Врска до нашата листа со предизвици ОВДЕ.

На што ќе обрнуваат најмногу внимание судиите на натпреварот во презентирање на идеи?

Судиите ќе ги оценуваат тимовите на база на следните критериуми: 

  1. Дали идејата решава вистински предизвик(ци)? 
  2. Дали технологијата е напредна и дали таа обезбедува значајна вредност? 
  3. Дали тимот е добро урамнотежен и дали ги поседува релевантните вештини? 
  4. Дали технологијата е доволно зрела и подготвена за имплементација?
Што треба да донесам?

Ве молиме донесете го Вашиот преносен компјутер и други материјали кои што би Ви биле потребни. Во најголем дел ова е настан „Донесете си Ваши алатки“. Ние можеме да помогнеме со координација и препораки како што се доближуваме до самиот настан. 

Кои материјали се обезбедени?

Ние ќе обезбедиме безжична интернет конекција и пристап до електрична енергија. Ние исто така даваме сè од себе да обезбедиме интересни податоци и материјали кои што се потребни за подобро да ги разберете предизвиците.

Доколку Ви е потребно уште нешто, кажете ни и ние ќе се обидеме да ви го обезбедиме!

Кој го поседува мојот проект и правата на интелектуална сопственост?

Тимот кој што го развива проектот е сопственик на проектот и на правата на интелектуална сопственост.

КАДЕ: МЕСТО, Скопје

КОГА: 11ТИ-12ТИ септември 2019

ПРИЈАВЕТЕ СЕ!