Добредојдовте на веб страната на Tech4MuniMK – следната генерација на хакатон каде што технологијата ги исполнува барањата на клиентите

Дали сте претприемач кој не се плаши да си постави предизвици за решавање на РЕАЛНИТЕ проблеми и вистински да влијае? Дали сакате да ги разберете локалните предизвици со кои што се соочуваат многу општини во Македонија, во регионот и насекаде во светот?

Приклучете му се на тимот на Tech4Muni за да ги решите предизвиците, да добиете средства за имплементација на пилот проект и да создадете одлични решенија кои што ќе им бидат потребни и на другите градови!

Вие имате можност да:

  • Работите на реални предизвици за кои што се потребни итни решенија 
  • Бидете обучувани од страна на домашни и меѓународни експерти
  • Добиете средства за Вашето решение 
  • Вистински да влијаете на локалниот и глобалниот еко систем за иновации. 

Ние ќе се погрижиме да се забавувате, учите и да споделувате знаење со други претприемачи истомисленици, да добиете пристап до врвно менторство, да се запознаете со светот на Smart City чија што вредност на светско ниво изнесува повеќе од 400 милијарди американски долари!

Настанот ќе се одржи на 11ти и 12ти септември во Скопје.

Агендата можете да ја пронајдете ОВДЕ

ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Предизвици

#1.Кучињата скитници

Кучињата скитници стануваат главна причина за загриженост низ целата земја, при што во голем број случаи луѓето се каснати и заплашувани од кучињата, како и широко распространето труење на овие скитници, кое е нехумано и опасно за здравјето и на луѓето.

Детали

#2. Развивање на локален туризам

Преполна со култура на стариот свет, рустикална гурманска кујна, планински синџири, зафрлени села и со некои од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Северна Македонија има огромен туристички потенцијал. Сепак, овој туристички потенцијал останува неискористен и бара поголема промоција.

Детали

#3. Услугите што ги нудат општините не се достапни

Локалните власти ширум светот сè повеќе ја користат технологијата за да ги направат услугите достапни за граѓаните и преку интернет. Сепак, најголем дел од услугите што ги обезбедуваат општините во земјата се достапни само во просториите на самата општина.

Детали

#4. Ефикасен систем на услуга за споделување на просторот

Просторот претставува важно средство кое може да создаде можности за граѓаните, невладините организации и бизнисите, со цел да понудат интересни активности и настани за локалното население. 

Детали

#5. Поддршка на постарите жители

На постарите жители им е потребна поддршка и помош во нивните секојдневни активности, бидејќи многу од нив живеат сами и како такви имаат потешкотии да излезат од своите домови.

Детали